Голема просторија за состаноци

Тивка и голема просторија со еднакво огромна тераса со поглед кон градот. 

Голема просторија за состаноци
Голема просторија за состаноци
Голема просторија за состаноци
Голема просторија за состаноци

За организирање на многу едукативни настани и тим билдинг настани имаме голема просторија за состаноци, со огромна тераса со поглед према Крушево. Седењето може да се направи на повеќе начини, и зависно од аранжманот може да се сместат од 20 до 100 гости. 

Лоцирана е еден кат под нашето лоби. Локацијата ја прави оваа просторија многу тивко место. Големата просторија за состаноци има и свој сет на тоалети како би се намалило времето потребно за паузи. 

Терасата е соодветна за кафе паузи, утрински вежби, тим билдинг активности, а можете дури и да ја преместите целата активност надвор доколку Ви е тоа попријатно. Исто е голема колку и самата голема просторија за состаноци. 

Едукативна активност во нашата голема просторија за состаноци

Доколку навремено ја резервирате оваа просторија може да очекувате да ја добиете оваа просторија однапред загреана во зима. Исто така можете многу лесно да ја регулирате температурата на просторијата. За време на летниот период оваа просторија никогаш нема потреба да се лади, заради благата клима во Крушево и нашиот хотел. 

Прозорците се покриени со ден-ноќ тип на завеса, со што можете да постигнете затемнување во просторијата внатре доколку е тоа потребно за Вашиот настан. Целата просторија е покриена со брз тип на WiFi конекција, AC WiFi, кој што Ви овозможува да направите стриминг во живо, доколку имате понов уред кој што го поддржува овој тип на WiFi конекција. Не се грижете доколку Вашиот уред е постар, стариот тип на WiFi конекција е сеуште поддржан.

Оваа просторија е исто така опремена и со телефонска линија, како би можеле да се јавите во нашиот паб и да нарачате пијалаци или храна, или на рецепција за било кое дополнително барање. На барање можеме да обезбедиме излезна линија за дополнителна доплата. 

Нашата голема просторија за состаноци е секогаш достапна за изнајмување

Она што следи е листа на најчестите употреби на оваа просторија: 

 

Со големата тераса и паркетен под оваа просторија е идеална за голем дел на тим билдинг активностите што се одржуваат воедно и на затворено и надвор во природа.

Тивката локација и голема тераса со прекрасен поглед ја прави оваа локација најпогодна за едукативни активности каде би имале групи од учесници со средна големина, 30 - 80 луѓе. Има опција за вештачко затемнување ако имате потреба од проектирање на содржина осетлива на светлина. 

Ако имате потреба од одржување на приватен состанок во тивка околина, ова е едно од нашите најдобри места. Вообичаено се користи за состанци со поголеми групи од околу 30 - 50 луѓе.