Тим Билдинг во Крушево

Посилен тим за подобри резултати

  • Тим билдинг на тераса од Хотел Монтана
  • Тим билдинг на терасата на Хотел Монтана
  • Тимски Игри
  • Тимот има потреба од забава
EnjoyMacedonia
Тим Билдинг Партнер

„Enjoy Macedonia“ е долгорочен партнер на Хотел Монтана за организирање на тим билдинг активности.

Нудиме тим билдинг програми предводени од експерти, најчесто психолози со искуство во полето на развивање на човечки ресурси и потенцијал. 

Има можност преку креативни активности тимот да бара решение за одредени проблеми и да извршува задачи кои може успешно да се завршат само со тимска работа, комуникација и заедничко носење на одлуки.  

Во организацијата на тим билдинг активностите се консултираме со екстерни професионалци за постигнување на најдобри резултати. Следи листа од предлог активности, погодни за околината на Крушево.

ТИМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Има разновидни тимски предизвици, креативни тимски игри кои ќе ги тестираат границите на вашиот тим. Секоја игра е дизајнирана да му даде најдобра шанса за победа на тимот во кој учесниците најдобро соработуваат, комуницираат и се разбираат меѓусебе. 

Игрите се изведуваат во доглед на хотелот, во зависност од временските услови. Со вас во секое време ќе има инструктор, а ние ве снабдуваме со потребната опрема. 

ТИМ БИЛДИНГ ПРЕКУ ЛOВ НА БОГАТСТВО

Искусете ги богатите приказни на Крушево и пратете ги вашите тимови во лов. Ние ќе ве обезбедиме со лекции и патокази & околина каде најдобриот и најфокусираниот тим ќе стигне до крајот. 

Крушево крие специјален свет од минатото кој на прекрасен начин исто така живее во сегашноста. Ќе ја имате шансата низ приказни враќајќи ве наназад до времето на Отоманската империја да стигнете до последната точка со најголема награда. 

ТИМСКО ГОТВЕЊЕ

Шанса за возбудливо тимско предавање. Ние ќе ве снабдиме со инструкции од главниот кувар, како и дополнителен персонал што ќе ги води учесниците низ ова искуство. Зграбете ја шансата да научите нешто ново и да се забавувате. Можеме и да го научиме Вашиот тим да готви некои од нашите вкусни традиционални јадења

Тим Билдинг преку тимско готвење

Наградете се со прекрасен, вкусен оброк. Тимот ќе биде изненаден од резултатите и задоволството што доаѓа од способноста сами да си подготвите одличен оброк.  

КАРАОКЕ

Ова е метод со низок ризик што ќе му помогне на вашиот тим од различни индивидуалци подобро да фукционира како група. Менаџерите можат да набљудуваат како функционираат поединците кога треба да ја стават благосостојбата на групата пред своите лични интереси за да стигнат до посакуваниот исход. Ако тимот сака добри резултати од натпреварот, мораат да работат заедно. Мораат да ги идентификуваат различните таленти во групата за да биде назначен најдобриот човек за одредена задача. Во овој случај задачите вклучуваат пеење, играње, костуми и организирање. 

ПЕИНТБОЛ

Оваа адреналинска игра со стратегија и брза акција ќе ви даде одлична шанса да го нападнете бункерот чуван од ревизори или да го фатите во заседа вашиот шеф и да се извлечете. 

Секој од вас и вашите пријатели или колеги може да користи една полуавтоматска пушка што испукува топчиња со боја, многу топчиња со боја и заштитна опрема. Има многу локации за играње, но најдобрата е морничавата шума веднаш над хотелот.