Организирање на бизнис настани

Огромни капацитети во хотел дизајниран за оваа намена, сместен во тивка околина.

  • Large Meeting Area in Hotel Montana
  • Small Office in Hotel Montana
  • Group Work in Hotel Montana
  • Group Work in Hotel Montana
  • Discussion in Hotel Montana
Hotel Wi-Fi
Супер Брз Интернет

Кај нас никогаш не треба да се грижите за поврзаноста на интернет. Имаме доволно капацитет за онлајн стриминг во живо, а и за сите ваши гости. 

Private Office
Канцеларија за вашиот тим

За големи настани е потребно многу координирање и организација, па затоа креиравме приватна канцеларија во близина на конгресната просторија и повеќето од другите соби за состаноци. 

Нашиот Хотел Монтана е идеална локација за Вашите бизнис настани. Лоциран е на тивка локација, на врв на нашето мало Крушево. Имате одвоен пат кој што води до нашиот хотел, одвојувајќи го од остатокот од градот. Хотелот самиот по себе е огромен. Нуди мноштво простории за избор каде можете да ги одржувате Вашите бизнис настани. Имаме одлична услуга, персонал секогаш тука за Вашите потреби. Нашиот хотел е исто така опремен со супер брза Wi-Fi конекција. Одредени локации се покриени со AC Wi-Fi тип на конекција.

Многу простории каде што можете да ги одржите Вашите бизнис настани

Нашиот хотел е изграден за бизнис настани. Можете да најдете секаков тип на просторија од најмали простории за состаноци за околу 15 луѓе, па се до огромна конгресна сала за до 320 луѓе. Сите наши простории се дизајнирани за практичност, дозволувајќи повеќе начини на седење. Некои од овие простории кои се користат за оваа цел имаат прекрасна тераса со прекрасен поглед.

Конгресна СалаГолема Просторија за СостаноциКанцеларија

Ако Вашата група е поголема имаме доволно простории дури и ако сакате да ги поделите на повеќе групи. Сите наши простории се достапни со нашите лифтови, и сите простории се во зградата на хотелот.

Нашата конгресна сала за Вашите најголеми бизнис настани

Повеќе од доволно паркинг простор

Нашиот хотел е достапен со посебен пат, не мора да се влегува во Крушево за да дојдете до нас. Затоа можете да бидете секогаш сигурни дека дури и Вашите најголеми автобуси можат да стигнат до нас. Областа која што ја имаме достапна за паркинг е повеќе од доволна за нашиот хотел. Можете да паркирате на двете улици, или на посебен асфалтиран дел во непосредна близина на нашиот хотел.

Повеќе за паркинг

Услуга за храна и пијалаци - секогаш тука

Се трудиме да ја обезбдиме најдобрата можна услуга кога се работи за услужување на бизнис настани. Можете да нарачате храна и пијалаци диркетно во Вашата просторија за состаноци. Можете да уживате во овие услуги во нашиот паб или ресторан. Секогаш можете да ни ја дадете Вашата агенда и да бидете сигурни дека ќе бидеме спремни за скеоја Ваша пауза за кафе или оброк. Секогаш можете да ги изненадите Вашите гости со Шведски стол за секој оброк, составен од традционална домашно приготвена храна.

Повеќе за храна

Опрема за проектирање и звук

Можете малку да се опуштите за време на Вашиот бизнис настан. Ние сме спремни со голем дел од опремата која што може да Ви затреба. Во нашиот хотел можете да најдете:

  • Основен токен проектор со минимална резолуција за Power Point презентации
  • Аудио опрема која се состои од мал миксер, два звучници и еден безжичен микрофон
  • Неопходни кабли за оваа опрема
  • Флип чарт табли

Ние исто така соработуваме со други добавувачи на професионална опрема. Можеме дополнително да Ви обезбедиме:

  • Професионална аудио опрема со повеќе микрофони, дури и за превод во живо
  • Професионална опрема за видео проекција за специфични потреби
  • Гласачки машини
  • Специјални светлосни или други ефекти