произволно седење

Мала Просторија за Состаноци

Мала Просторија за Состаноци

Оваа слатка и мала просторија за состаноци е дизајнирана за Вашите помали групи. Се наоѓа веднаш до нашиот ресторан и тоа е главниот бенефит за користење на оваа просторија. Доколку сте со кратки рокови можете да ја добиете комплет храна и пијалаци за кафе паузи и паузи за оброк, внатре во просторијата. Доколку седењето не го дозволува тоа можеме да организираме кафе и други пијалаци да се постават на посебна маса која што нема да смета на настанот. 

Голема просторија за состаноци

Голема просторија за состаноци

За организирање на многу едукативни настани и тим билдинг настани имаме голема просторија за состаноци, со огромна тераса со поглед према Крушево. Седењето може да се направи на повеќе начини, и зависно од аранжманот може да се сместат од 20 до 100 гости. 

Лоцирана е еден кат под нашето лоби. Локацијата ја прави оваа просторија многу тивко место. Големата просторија за состаноци има и свој сет на тоалети како би се намалило времето потребно за паузи. 

Хотелски Паб со камин

Хотелски Паб во Крушево

Хотел Монтана Палас има прекрасен хотелски паб со магичен поглед. Ентериерот е дизајниран во стил рустика, со темно дрво. Исто така има и камин за зимски периоди. Нема подобро место за во зимски период во целиот регион. Вашите мали деца може да бидат среќни во нашата игротека, заграден дел, како Вие би уживале во Вашиот престој. 

Мала канцеларија за бизнис настани

Мала канцеларија во Хотел Монтана

Нашиот хотел има мала канцеларија коај што е блиску до другите простории. Оваа канцеларија се загрева многу лесно. Може да се резервира со кратка најава. Локацијата е веднаш спроти пабот на другата страна од ходникот кој што води до конгресната просторија. Канцеларијата е флексибилна и може да се користи за многу цели.