Параглајдинг и змајарство во Крушево 2018

Змајар над Крушево 2018
Параглајдер над Крушево 2018
Параглајдери на пријава во Хотел Монтана
Брифинг параглајдери во нашата конгресна сала во Хотел Монтана
Побетници на натпревар

Ова лето 2018 е при крај. Имавме задоволство да работиме со пилоти од областа на параглајдинг и змајарство од секое ќоше на светот. Крушево е сега светла точка на светската мапа за овие две активности. Тоа е директен резултат на долгогодишна напорна и чесна работа. Заслуги за целиот тим на Хотел Монтана, организаторите на овие настани и официјалните лица на Општина Крушево.

Хотел Монтана како центар за параглајдинг и змајарство

Заради големината на хотелот и достапноста на многу флексибилни простории, Хотел Монтана стана центар за параглајдинг и змајарство. Тука е местот каде повеќето настани се организирани и мониторирани. Организаторите се комфорни и го користат ходникот и посебниот влез кои што водат до нашата конгресна сала. Тука е локацијата каде што се прави најава и одјава на пилоти, се објавуваат резултати и други активности. Ја користат нашата приватна канцеларија за интерна координација. Конгресната сала се користи за собир на сите пилоти за брифинг или заклучување на настан. 

Оваа година имаше повеќе параглајдерски и змајарски настани одржани во нашиот хотел:

параглајдинг и змајарство - штабот во Хотел Монтана

Од она што ни е познато следната година во Крушево ќе се одржува светското првенство во параглајдинг. Се работи за најголемиот настан кој што ќе се одржува во Крушево. Ние, како хотел Монтана заедно со Општина Крушево сме горди за нашето напорно работење. Тоа го доведе овој настан во Крушево. Ние ќе дадеме се од себе да ги презентираме Крушево и Македонија во најдобро можно светло. 

Крушево исто така полека станува атрактивно и за параглајдинг тур оператори. Тие го препознаваат потенцијалот на локацијата. Многу параглајдинг туристи сега го посетуваат Крушево за време на летниот период. Тие уживаат и ги подобруваат своите летачки вештини. Ние даваме се од себе да ја задржиме позитивната енергија и да ја прошириме низ остатокот на регионот.