Тим билдинг - дводневен пакет

Вашиот тим заслужува тајмаут, на локација каде што може да се одмори, да научи нешто ново и да стане посилен.

  • Тимско Готвење во Хотел Монтана
  • Целта
  • Цртање на сликата
  • Некои мистерии
  • На тимот му треба забава
Сместување во Хотел Монтана
Сместување

Вашиот престој ќе биде во една од нашите преубави соби, вклучувајќи спектакуларен поглед над Крушево. 

EnjoyMacedonia
Професионални партнери

Вработуваме професионални партнери да ги извршуваат активностите, луѓе со многу искуство и многу успешни приказни зад нив. 

Традиционална крушевска храна
Традиционална Крушевска Крана

За вечера можете да ја вкусите нашата долга традиција. Секој оброк ќе се служи на шведска маса, вклучувајќи многу од нашите традиционални јадења. 

Голема просторија за состаноци
Место за учење на нешто ново

Ако сакате да внесете нешто различно и да научите нешто ново, или можеби да направите кратко резиме на вашата работа, имаме повеќе различни простории соодветни за вашите потреби. 

Ако имате само два дена за вашите вработени го имаме вистинскиот продукт за вас. Ова е интензивен тим билдинг пакет каде секоја минута е значајна во патот кон подобар тим и повеќе забава. 

Распоред за тим билдинг

Активност Време & Ден Времетраење Краток опис
Пристигнување Ден 1 / Треба да се осигурате да пристигнете во хотелот околу 12:30 часот. Сместувањето ќе биде брзо, па до 13:00 часот би требало да сте подготвени за ручек. 
Ручек Ден 1 - 13:00 1 час Шведска маса со многу традиционални јадења. Исто така вклучува и безалкохолни пијалоци.  
Тимски предизвици Ден 1 - 14:00 2 часа

Момент за запознавање со актуелните проблеми со кои се соочува еден тим и учење на техники за нивно разрешување преку тимски игри. Ако е неопходно може да биде одвоено време за внатрешна презентација или образование. 

Слободно време - тимски игри ИЛИ Тимско сликање Ден 1 - 16:30 3 часа

Доколку сакате малку опуштено изберете тимски игри како билјард, фудбалче, покер, табла и други забавни активности достапни во нашиот хотел. 

Доколку сакате интензивно темпо тука може да се сработи тимско сликање, со што Вашиот тим ќе има шанса да научи дека заедничката работа ја прави целата слика подобра. 

Вечера Ден 1 - 20:00 1 час  

Традиционална шведска маса. Исто така вклучува и безалкохолни пијалоци.  

Караоке забава Ден 1 - 21:30 4 часа

Уште една игра преку забава, каде најдобриот тим ќе победи. Оваа тимска активност шири многу позитивна енергија меѓу членовите на тимот. 

Појадок Ден 2 - 07:00 2 часа

Уживајте во прекрасните утра во Крушево. Шведска маса со домашни месени јадења.  

Потрага по богатството Ден 2 - 09:00 3:30 мин.

Истражете го градот преку игра каде многу тимови ќе ги следат трагите во ловот по крајното богатсво. Секој тим ќе поминува низ различни точки, истражувајќи локации значајни во историјата и отривајќи мистерии. 

Одјавување Ден 2 - 12:30 30 мин. Одјавување од хотелот.  
Тимско готвење Ден 2 - 13:00 3 часа

Финалната задача ќе биде подготовката на ручек. Преку оваа задача ќе може да се согледа ново-воспоставената тимска поврзаност.  

Минимална големина на група: 20 вработени
Максимална големина на група: 50 вработени 

Препорачан период за оваа тим билдинг активност е доцна пролет, рано лето или рана есен. 

Тим Билдинг низ тимско готвење во Хотел Монтана

Оваа цена ги вклучува следните услуги:

  • Сместување во двокреветна соба - дополнително се доплаќа за еднокреветна соба
  • Организација на сите тим билдинг активности, освен тимско цртање
  • Појадок, Ручек & Вечера на шведска маса со традиционални јадења
  • Сите даноци
  • Влез во назначните музеи за време на потрагата по богатството
  • Тимско готвење и храна потребна за тоа

Следните услуги не се вклучени во цената: 

  • Патничко осигурување
  • Патот до и од хотелот
  • Пијалоци за време на караоке забавата
  • Тимско цртање. За истото потребна е доплата од 10 еур по лице. 

Ве молиме осигурајте се дека можете да ги исполните следниве услови, во спротивно го задржуваме правото да не ве услужиме: 

  • Секој гостин мора да поседува важечка лична карта
  • Потрагата по богатството вклучува пешачење од околу 5 км. Секој учесник треба да има доволно физичка спремност да оди по планински патчиња.