Нова 2019 Година Аранжмани

Уживајте во краток но заслужен зимски одмор во нашиот хотел со одлична забава за Новогодишната Ноќ.

Хотел Монтана во Зима
Балканика Бенд
Балканика Група

Блканика се регионално позната група која што има многу народни инструменти. Нивната способност за забава е неспоредлива. Можете да очекувате одлична забава за Нова Година.

Хотелска Соба во Хотел Монтана
Сместување

Ќе бидете сместни во нашите топли соби со прекрасен поглед. Можете да очекувате однапред загреани соби.

Традиционална шведска маса
Традиционална храна

Вие ќе го обожавате Вашиот престој со нашата традиционална храна. Можете да очекувате богата шведска маса со многу домашно подготвени јадења. 

Крушевски Споменик
Дневни Тури во Крушево

Запознајте го Крушево малку подобро со нашите дневни тури околу историјата на Крушево и креирањето на Македонската држава. 

Игротека во Хотел Монтана
Игротека

Ако ги донесете Вашите деца ќе имаат место што ќе ги усреќи. Игротеката е дел од нашиот паб.

Нова 2019 Година е на прагот. Како и секогаш заедно да зачекориме во неа со среќни мисли. Тоа е одличен момент за да се земе мала пауза од дневната рутина. Дали има подобро место од планина?

Ве покануваме да уживате во оваа мала и слатка пауза со одлична забава. Ќе се покрижиме да имате топло добредојде со вкусна храна и топли соби.

Ноќи Период за Пристигнување* Цена на Двокреветна Соба
3 29.12 до 31.12.2018 268,00 €
4 28.12 до 31.12.2018 322,00 €
5 27.12 до 31.12.2018 375,00 €
6 27.12 до 31.12.2018 429,00 €
7 27.12 до 31.12.2018 483,00 €
8 27.12 до 31.12.2018 536,00 €
9 27.12 до 31.12.2018 590,00 €
10 27.12 до 31.12.2018 644,00 €

*Периодот за пристигнување означува период во кој што може да започнете со користење на аранжманот, за дадениот број на ноќевања. 

Проверете ја листата подолу за да видите што се е вклучено во цената.

Доколку сакате цени за други типови на соби погледнете ја нашата табела со детални цени. Оваа табела исто така вклучува и детски попусти. Доколку сте пар со три деца, Ве молиме разговарајте со нашата рецепција за опции за сместување. 

Табела со Детални ЦениКонтактирајте Не

Други важни информации за аранжмани за Нова 2019 Година

  • Доколку сакате да останете за Новогодишната ноќ мора да купите еден од нашите аранжмани. Аранжман пократок од 3 ноќи не се продава. 
  • Втората забава е најчесто ноќта после Новогодишната ноќ, но затоа што оваа се паѓа во Вторник, а Среда е работен ден, забавата може и да се префрли на ноќ пред Новогодишната ноќ. Ова би било Недела 30.12.2018. Ова зависи од вас. Доколку повеќе од Вас пристигнат на 30.12.2018 или порано, од оние што пристигаат на 31.12.2018, тогаш ќе имаме забава на 30.12.2018.
  • Резервации за едно или две ноќевања, во периодот помеѓу 27.12.2018 до 31.12.2018 и 01.01.2019 до 03.01.2019, кои што не ја вклучуваат Новогодишната ноќ се ограничени. Ве молиме контактирајте не за повеќе инфорамции.

Мени за Новогодишната забава

Повеќе информации за неколку дена, ве молиме проверете повторно.

Мени за втората забава

Повеќе информации за неколку дена, ве молиме проверете повторно.

Новогодишна забава и втора забава без ноќевање

Можно е да се резервира само влезница за една од забавите без да се резервира соба. На овој начин сите оние кои што живеат во поголемите градови и држави, но сеуште имаат куќи во Крушево, ќе можат да уживаат за дочекот на Нова 2019 Година со една одлична забава.

Забава Цена
Новогодишна забава 27 €
Втора забава 18 €

Овие цени вклучуваат само влезница за забава, со специјално подготовеното мени и селекција на неограничени пијалаци.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Ве молиме забележете ги следниве услови за користење на нашите услуги:

  • Плаќањето мора да се изврши однапред, 100 проценти од целиот износ. После ова ќе биде издаден ваучер за платените услуги. Откако ќе резервирате соба на рецепција, плаќањето мора да се изврши во 3 (три) работни дена, во спротивно резервацијата се брише. За детални информации за плаќањето контактирајте ја рецепцијата
  • Секој возрасен мора да се идентификува со личен документ, валидна лична карта или пасош, на рецепција. Го задржуваме правото да одбиеме услуги доколку не се идентификувате.
  • Доколку резервирате за деца мора да дадете точна дата на раѓање како би направиле пресметка на точни цени. Деца мора да бидат придружувани од страна на родител или старател. Го задржуваме правото да побараме дополнителни документи при пријава.
Product Groups
од 268,00 €
  • Полу Пансион (доручек и вечера) на шведска маса. Исклучок се ноќите со забави каде што ќе има посебно мени.
  • Новогодишна забава со специјално мени и неограничени количини на селекција на безалкохолни и алкохолни пијалаци
  • Втора забава со специјално мени и неограничени количини на селекција на безалкохолни и алкохолни пијалаци
  • Сместување
  • Сите давачки
  • Неограничени количини на селекција на безалкохолни пијалаци за време на остатокот на оброците
  • Детска игротека за Вашите најмили
  • Патни трошоци до нашиот хотел
  • Дневни разгледи низ Крушево
  • Ручек
  • Други ресторански услуги
  • Пијалаци кои што не се дел од селекцијата
  • Пијалаци кои што се дел од селекцијата, доколку не се консумираат за време на забава или оброк

Оваа селекција сеуште се креира. Ве молиме за трпение и проверете уште еднаш за неколку дена.