Крушево Параглајдинг Пакет

Дводневна адреналинска тура, запознавајќи се со културата и прекрасното небо над Крушево. 

Летање над Крушево
Сместување во Хотел Монтана
Сместување

Вашиот престој ќе биде во една од нашите убави соби, вклучувајќи спектакуларен поглед над Крушево. 

Параглајдинг над Крушево
Летај над Крушево

Овој пакет вклучува 30 минутен тандем лет од блиската стартна линија. Тандем лет значи дека има искусен летач кој се грижи за се додека вие уживате како патник на небото.

Traditional Krusevo Chomlek
Традиционална вечера

За вечера можете да ја вкусите нашата долга традиција. Главното јадење е Крушевски Чомлек.

Т'га за југ
Познато македонски вино

Овој пакет не би бил комплетен без чаша од познатото македонско вино „Т'га за југ“.

Тука ви нудиме Крушево Параглајдинг Пакет, пакет што нема да го добиете никаде на друго место. Можете да го искусите поголемиот дел од Крушево во два дена и да научите многу за нашето богато минато. Ќе видите спектакуларни споменици од минатото, ќе летате по небото над Крушево и ќе јадете ретки рецепти од нашата традиционална трпеза, со внимателно избрани состојки. 

Распоред за Крушево Параглајдинг Пакет

Активност Време & Ден Времетраење Краток опис
Пристигнување Ден 1 / Треба да се осигурате дека ќе стигнете во хотелот околу 13:00 на денот на пристигањето. Сместувањето потоа е брзо, па до 13:30 часот би требало да сте спремни да излезете надвор. 
Тура со водич Ден 1 - 13:30 2:30 мин.  За време на оваа тура, заедно со нашиот водич ќе се прошетате низ Крушево и ќе ги посетите трите најважни споменици/атракции. После ова, можете да одлучите да останете уште малку во градот или да се вратите во хотелот. 
Слободно време Ден 1 - 16:00 3 часа

Ова време можете да го искористите како што вие ќе посакате. Ако има интерес, можеме да се договориме со водичот да ве одведе до една малку подалечна атракција со магичен поглед над регионот. Во спротивно, можете да останете во градот и да ја истражувате локалната економија. 

Вечера Ден 1 - 19:00 2 часа

Ќе добиете вечера од четири дела и традиционалниот Крушевски Чомлек како главно јадење. Исто така ќе добиете и чаша од познатото вино Т'га за југ. Во случај некој да е вегетаријанец или да има било какви посебни побарувања за својата исхрана, ќе подготвиме прифатлив оброк за вашите потреби од нашето традиционално мени. 

Појадок Ден 2 - 08:00 2 часа

Уживајте во нашиот традиционален појадок на шведска маса и искористете го времето да го организирате наредниот дел од вашето патување.

Одјавување Ден 2 - 10:00 - 11:00 1 час

Овој временски период е најдобар за одјавувње, бидејќи летот со параглајдер може да биде подоцна во денот, надминувајќи го вообичаеното предвидено време за одјавување.  

Параглајдинг Ден 2 - 10:00 - 12:00 30 мин. 

 Во зависност од временските услови летот ќе биде измеѓу 10:00 и 12:00. Конечната одлука за временските услови се носи на вториот ден. Ве молиме за знаење дека летот се одложува во случај на неповолни временски услови, а вас ќе ви бидат вратени 40 евра за откажаниот лет. 

Крушево Параглајдинг Пакет

Ако имате потреба можеме и да ви помогнеме со плановите за патување од и до Крушево за да можете да го искористите овој Крушево Параглајдинг Пакет. Цените тука не се рефректираат и на патот. 

Минимум големина на група: 1 човек

Максимум големина на група: 10 лица

99 €

Оваа цена ги вклучува следните услуги:

  • Сместување
  • Тура низ Крушево со водич
  • Вечера од четири дела вклучувајќи го традиционалното јадење Чомлек
  • Чаша од нашето познато вино
  • Појадок на шведска маса вклучувајќи и кафе
  • Лет со параглајдер и транспорт назад до хотелот
  • Данокот е вклучен во цената

Слените услуги не се вклучени во цената: 

  • Патничко осигурување
  • Трошок за пат до и од хотелот

Ве молиме да се погрижите да ги исполнувате следните услови, во спортивно го задржуваме правото да не ве услужиме:

  • Морате да имате важечка лична карта со вас
  • Морате да имате 18 години или повеќе
  • Мора да поседувате важечка патна исправа
  • На ваша одговорност е да бидете сигурни дека вашето здравје е во добра состојба и дека високоадреналинскиот тандем лет и/или големата елевација нема да ви предизвика здравствени проблеми