Доживејте го Крушево & неговото небо

Дводневна адреналинска тура, запознавајќи се со културата и прекрасното небо над Крушево. 

Flying over Krusevo
Hotel Montana Acommodation
Сместување

Вашиот престој ќе биде во една од нашите убави соби, вклучувајќи спектакуларен поглед над Крушево. 

Paragliding over Krusevo
Летај над Крушево

Овој пакет вклучува 30 минутен тандем лет од блиската стартна линија. Тандем лет значи дека има искусен летач кој се грижи за се додека вие уживате како патник на небото.

Traditional Krusevo Chomlek
Традиционална вечера

За вечера можете да ја вкусите нашата долга традиција. Главното јадење е Крушевски Чомлек.

Tga Za Jug
Познато македонски вино

Овој пакет не би бил комплетен без чаша од познатото македонско вино „Т'га за југ“.

Оваа понуда е пакетот од вашите соништа. Можете да го искусите поголемиот дел од Крушево во два дена и да научите многу за нашето богато минато. Ќе видите спектакуларни споменици од минатото, ќе летате по небото над Крушево и ќе јадете ретки рецепти со внимателно избрани состојки. 

Распоред

Активност Време & Ден Времетраење Краток опис
Пристигнување Ден 1 / Треба да се осигурате дека ќе стигнете во хотелот околу 13:00 на денот на пристигањето. Сместувањето потоа е брзо, па до 13:30 часот би требало да сте спремни да излезете надвор. 
Тура со водич Ден 1 - 13:30 2:30 мин.  За време на оваа тура, заедно со нашиот водич ќе се прошетате низ Крушево и ќе ги посетите трите најважни споменици/атракции. После ова, можете да одлучите да останете уште малку во градот или да се вратите во хотелот. 
Слободно време Ден 1 - 16:00 3 часа

Ова време можете да го искористите како што вие ќе посакате. Ако има интерес, можеме да се договориме со водичот да ве одведе до една малку подалечна атракција со магичен поглед над регионот. Во спротивно, можете да останете во градот и да ја истражувате локалната економија. 

Вечера Ден 1 - 19:00 2 часа

Ќе добиете вечера од четири дела и традиционалниот Крушевски Чомлек како главно јадење. Исто така ќе добиете и чаша од познатото вино Т'га за југ. Во случај некој да е вегетаријанец или да има било какви посебни побарувања за својата исхрана, ќе подготвиме прифатлив оброк за вашите потреби од нашето традиционално мени. 

Појадок Ден 2 - 08:00 2 часа

Уживајте во нашиот традиционален појадок на шведска маса и искористете го времето да го организирате наредниот дел од вашето патување.

Одјавување Ден 2 - 10:00 - 11:00 1 час

Овој временски период е најдобар за одјавувње, бидејќи летот со параглајдер може да биде подоцна во денот, надминувајќи го вообичаеното предвидено време за одјавување.  

Параглајдинг Ден 2 - 10:00 - 12:00 30 мин. 

 Во зависност од временските услови летот ќе биде измеѓу 10:00 и 12:00. Конечната одлука за временските услови се носи на вториот ден. Ве молиме за знаење дека летот се одложува во случај на неповолни временски услови, а вас ќе ви бидат вратени 40 евра за откажаниот лет. 

Ако имате потреба можеме и да ви помогнеме со плановите за патување од и до Крушево. Цените тука не се рефректираат и на патот. 

Минимум големина на група: 1 човек

Максимум големина на група: 10 луѓе

99 €